Македонија Новости Став Топ Вести

Вреди наскоро ќе биде една партија

Демократско движење, на предлог на претседателот Изет Меџити, вечерва одржа состанок со партиските структури, со единствена точка на дневен ред – официјализирање на ВЛЕН во обединета политичка сила, се вели во соопштението од Демократско движење

Со манифестирање на висока политичка зрелост, целосно прифаќајќи ја пораката на мнозинството Албанци, едногласно го овластивме г-динот Меџити, да продолжи да го води процесот на трансформација на нашата партија и нејзиното прелевање во ВЛЕН како обединета, силна и современа политичка структура.

Силно сме уверени дека продлжуваме да создаваме историска можност за ВЛЕН да продолжи да окрупнува и да ја зацврсти улогата на главен репрезент на волјата на мнозинството Албанци. Овој чекор ја консолидира албанската политичка сцена и поставува цврсти основи за поголемо учество и влијание на Албанците во идниот политички живот, се вели во соопштението.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *