Поранешниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски, ќе биде генерален секретар на Владата што ќе ја предводи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пишува ТВ21, кој тврди дека неофицијалниот псисок на владини членови е веќе објавен.
Министер за внатрешни работи треба да биде Александар Јанев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ од техничката влада во 2020, кога беше началник на Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал. Подолу се останатите носители на функции:
- Министер за одбрана – Игор Јанушев
- Министер за внатрешни работи – Александар Јанев
- Министер за правда – „ЗНАМ“
- Министер за заедници – Љупчо Димовски
- Министер за надворешни работи и трговија – Тимчо Муцунски
- Министер за економски прашања – Алтернатива
- Министер за финансии – Гордана Димитриевска
- Министер за економија и труд – Бесар Дурмиши
- Министер за енергетика – Сања Божиновска
- Министер за земјоделство – Цветан Трипуновски
- Министер за здравство – Арбен Таравари
- Министер за образование и наука – Весна Јаневска
- Министер за социјална политика – Фатмир Лимани
- Министер за транспорт – Александар Николовски
- Министер за екологија – Изет Меџити
- Министер за спорт – Борко Ристевски






