Македонија Новости Став Топ Вести

Владо Мисајловски: Ако некоја земја навистина максимално и целосно нè поддржува, тоа е Америка


Со САД склучивме шест нови договори на повеќе од 20 милиони евра од кои дел се за софистицирани дронови. Сите средства се директно од фондовите на Соединетите држави, вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски во разговор за Гласот на Америка
Со САД склучивме шест нови договори на повеќе од 20 милиони евра од кои дел се за софистицирани дронови. Сите средства се директно од фондовите на Соединетите држави, вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски во разговор за Гласот на Америка

Сега е најдобро да се разговара за мир, а не за нови пакети со коишто би ѝ се помогнало на Украина, вели во разговор за Гласот на Америка министерот за одбрана, Владо Мисајловски и додава дека, поради стар долг, Украина лани извлекла околу два милиона евра од македонското министерство за одбрана.

Ако некоја земја навистина максимално и целосно нè поддржува, тоа е Америка. Со САД склучивме шест нови договори на повеќе од 20 милиони евра од кои дел се за софистицирани дронови. Сите средства се директно од фондовите на Соединетите држави, вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски во разговор за Гласот на Америка.

Со Мисајловски разговаравме и за евентуалното македонско воено учество во можна мировна мисија во Украина, за македонската позиција во спрегата ЕУ – САД, за застојот во набавката на новите армиски хеликоптери, како и за новиот оглас за прием на 300 професионални војници во македонската армија.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *