Македонија Новости Став Топ Вести

После изборите Грција ќе ги решава за ратификацијата на меморандумите


По изборите на 8 мај во Република Македонија, Грција ќе одлучи кога ќе ги донесе трите меморандуми за разбирање од Преспанскиот договор  потпишан во 2018 година, што се уште  чекаат да бидат ратификувани, пишува ИБНА. Според грчки дипломатски извори, меморандумите зависат од спроведувањето, па напоменуваат дека тоа не зависи само од едната, туку и од другата страна, додавајќи дека е потребно почитување на Договорот од Преспа.

Ова покажува дека Атина го чека резултатот од парламентарните избори во Македонија за да ги ратификува меморандумите во Парламентот, иако самата не го почитува Договорот од Преспа со тоа што не ги ратификуваше досега, а бара од другата страна да се држи до потпишаното.

Очигледно, оценува ИБНА, ратификацијата ќе зависи од тоа дали ВМРО-ДПМНЕ, која се противи на Договорот од Преспа, ќе излезе како победник од изборите, дали  ќе  успее да формира влада и дали ќе го спроведе Договорот како што е предвидено. Ова е опасен развој на настаните не само за Договорот од Преспа, туку и за билатералните односи меѓу двете земји, со нов циклус на тензии поради неподготвеноста на Атина да ги ратификува меморандумите за разбирање.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *