Македонија Новости Став Топ Вести

Следната недела финале на разговорите Мицкоски – Таравари


Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека Владата е стабилна, има огромно мнозинство и е фокусирана на реформската агенда и испорака на проекти. Тој најави дека следната недела се очекува да има завршна средба со министерот за здравство Арбен Тараври, на која ќе биде сумирано се што е направено.

-Мислам дека господинот Таравари и неколкумина околу него се одлучени да се вратат во прегратките на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција. Јас можам само да му посакам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба во текот на следната недела, на која ќе сумираме што е тоа што е направено. Јас можам да му посакам пред сè добро здравје, тоа е она кое на сите нас ни е најважно, изјави денеска Мицкоски по увидот во градежни активности на детска градинка во Инџиково, во Општина Гази Баба, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека станува збор за одлука на Таравари да се врати со Али Ахмети, но не е одлука на членството на Алијанса за Албанците и на голем дел од луѓето кои што се дел од Владата.

-Морам да кажам дека најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките на Али Ахмети и останатите, но тоа е сепак негова одлука. Убеден сум дека тоа е одлука на малкумина, не е одлука на членството на Алијанса за Албанците и на голем дел од луѓето кои што се дел од оваа Влада. Чесно беше и доблесно самиот тоа да го направи, да не ја влече Владата за нос и граѓаните, но полека но сигурно станува јасно дека тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои што повеќе од две децении ја пустошеа, ја криминализираа, ја ограбуваа, ја фрлија Македонија на колена, рече Мицкоски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *