Македонија Новости Свет Став Топ Вести

Советот за безбедност усвои проруска резолуција за Украина

Советот за безбедност на Обединетите Нации гласаше за резолуција поднесена од САД со која се бара прекин на војната во Украина без да се спомене руската агресија. При гласањето десет членови гласаа „за“. Наспроти ова, сите пет европски земји во Советот беа воздржани: Велика Британија, Франција, Словенија, Данска и Грција.

Теоретски, Британците и Французите имаат право на вето, но не го користат од 1989 година. Резолуциите во Советот за безбедност на ОН се обврзувачки според меѓународното право. Усвоениот документ под наслов „Патот до мирот“ не ја именува Москва како агресор во војната, ниту пак повикува на руско повлекување, туку едноставно повикува на брз крај на војната.

Само неколку часа претходно, на третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, Генералното собрание на ОН гласаше за резолуција со која се повикува на итно повлекување на руските сили. На гласањето во 193-членото тело за предлог резолуцијата поднесена од Украина и европските држави, 93 држави гласаа „за“, а 18 гласаа „против“. Имаше 65 воздржани. Бројот на гласови „за“ е помал од оној на претходните резолуции за Украина, во кои повеќе од 140 земји ја осудуваа руската агресија и повикуваа на поништување на анексијата на четири украински региони.

Генералното собрание потоа ја измени конкурентската американска резолуција која бара брз крај на војната, но не ја спомнува руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година. Предлог резолуцијата беше дополнета со формулација која јасно укажува дека Русија извршила инвазија на својот помал сосед, кршејќи ја Повелбата на ОН. Согласност со изменетиот предлог изразија 93 држави. Осум гласаа против. Имаше 73 воздржани – вклучително и САД. Двете резолуции не се правно обврзувачки.

САД извршија притисок врз Украина да ја повлече својата предлог резолуција, но Киев одби да го стори тоа. Заменик-министерката за надворешни работи Маријана Беза рече дека нејзината земја го користи своето „право на самоодбрана“ против руската инвазија, која го прекрши барањето на Повелбата на ОН земјите да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на другите нации.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *