Македонија Новости Став Топ Вести

Закани за Кацарска


Во подземна гаража на зграда во скопската општина Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гаражното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Од МВР потврдуваат дека е известен јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло“, информираат од МВР. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *