Култура Македонија Новости Топ Вести

МАГИЧНАТА АВЕЛИНА СО НОВ СИНГЛ

Македонската /а/ светска музика, нео-фолк бендот АВЕЛИНА, којшто успешно создаде уникатен звук кој ја спојува традиционалната народна музика со елементи на ритуалот и езотеричното, денес не израдува со нов сингл. Да потсетиме- Авелина започна како соло проект создаден од Сара Александровска (вокал /текстописец, но и видео креатор на нивните волшебни спотови) и по некое време пламенот што се запали внесе уште четири луѓе во проектот и така се создаде, се роди овој исклучително интересен бенд. По објавениот сингл „Извор“ излезе и албумот „Од екот на предокот“. Во прилог погледнете го видео записот на песната ИЗВОР ,за комплетно задоволство од тој спој на музика, текст, фотографија, за целосно сетилно уживање.

Со „Извор“ бендот доби признание од македонската андерграунд сцена и го имаше првиот концерт во „МКЦ“. Како што почнаа да настапуваат на локални фестивали и собири, бендот брзо се здоби со посветени следбеници, делумно благодарение на нивните волшебни изведби во живо. Надвор од Македонија, Авелина има настапувано во Загреб и во неколку помали хрватски градови, како и двапати во Белград, од кои еднаш на витешкиот фестивал “Just Out”.

Членовите во бендот се Сара Александровска, Тијана Милошевска, Дамјан Поповски, Илија Трпковски и Никола Наумовски. Бендот на почетокот имаше само женски вокали, но набргу им се вклучија и машките вокали- Бојан Лазаревски и Марко Гапо.

АВЕЛИНА, нема да претераме ако кажеме македонската Wardruna, имаше соработки со суфи танчерката Севил Кара, во чудесно магичниот спот на песната Земја и интернационалната танчерка Миријам Перец, како и со Горан Трајковски, во Темна Гора.

Нивното последно творештво, “Александар влегува во Вавилон”,Сара Александровска го најви со збровите : “Со многу светлина во оваа жешко лето ја отвараме новата епоха на Авелина со синглот “Александар Влегува во Вавилон”. Оваа песна е дел од ЕП-то именувано “Воинот на Големата Мајка” кое ќе излезе наесен.“

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *