Претседателот на Собранието, Јован Митрески вечерва соопшти дека претседателските избори ќе ги распише на 14 февруари. Посочи дека планира на истиот ден да ги распише и парламентарните избори.
-Во однос на вашето прашање за распишувањето, во Уставот вели од 70 до 90 дена пред одржувањето на изборите, што значи 24 април е првиот круг за претседателските избори, враќајќи наназад од 70 до 90 дена, фактички тоа му доаѓа некаде средина на февруари. Направив консултација и со ДИК во смисла на броење на деновите што би значело тоа. Денес имам конечен заклучок дека претседателските избори ќе ги распишам на 14 февруари и планот ми е на истиот ден да ги распишам и парламентарните избори, рече Митрески вечерва во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.






