Македонија Новости Став Топ Вести

ЦДУ, ја осуди постапката на Сиљановска


Одлуката на Гордана Сиљановска-Давкова да не го употреби името Северна Македонија при претседателската заклетва во во Собранието, предизвика реакции меѓу пратеници во германскиот Бундестаг.

Водечки парламентарци за Дојче веле велат дека новата претседателка на Северна Македонија направила опасен преседан. 

Според пратеникот на владејачките Либерали (ФДП) задолжен за европски прашања, Томас Хакер потегот на Сиљановска-Давкова е „несреќен и за жалење“. Во тој контекст тој има разбирање за одлуката на грчката амбасадорка да ја напушти инаугурацијата.

„Европскиот пат на Северна Македонија и пред изјавите на новата претседателка беше доволно тежок. И вистина е дека и ЕУ сноси дел од вината за бавниот пат на земјата кон ЕУ. Но, доколку и новата влада им се приклучи на провокациите на претседателката, таквите изјави ќе бидат во спротивност со Преспанскиот договор. И тоа ќе биде големо назадување на патот кон ЕУ“, вели Хакер.  

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *