Македонија Новости Став Топ Вести

Сиљановска : Да преговараме со ЕУ според Копенхашките критериуми


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го примила шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир. На средбата таа се заблагодарила за упатените честитки од челниците на Европската Унија по повод нејзиното стапување на функцијата и изразила подготвеност за целосна соработка со делегацијата на ЕУ во Скопје во однос на пристапниот процес на државата, истакнувајќи ја значајноста на делегацијата како своевиден координатор на активностите на ЕУ во земјава.

„Претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата за напредок во процесот кон членство во Европската Унија, како стратешка цел на државата и определба на мнозинството од македонските граѓани. Нашата иднина, според  претседателката Сиљановска Давкова, несомнено е во Европската Унија, а местото на нашата држава е на иста маса со европските земји со кои нѐ обединуваат историски, културни и морални традиции и вредности.

Претседателката посочи на нејзината подготвеност да придонесе во градењето единство за прашања од национален и државен интерес и да придонесе кон обезбедувањето на политички и општествен консензус по однос на реформската агенда и усвојувањето на закони за кои е предвидено европско знаменце, со цел да се избегне неговата злоупотреба, што беше нотирано и од самата ЕУ во изминатиот период.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *