Македонија Новости Став Топ Вести

Последни проекции: ВМРО-ДПМНЕ 58 мандати, ДУИ 19, СДСМ 18


Врз основа на пребројаните гласови гласови од избирачките места ВМРО-ДПМНЕ е неприкосновен победник на парламентарните избори. Според проекциите на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ треба да има 58 пратеници, што значи дека му недостасуваат два мандати за апсолутно мнозинство. По нив е коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, следи потопената СДСМ со 18 мандати,и албанската здружена опозиција со 13.

Огромен успех постигна Левица триплирајќи го бројот на пратениците во парламентот, сега треба да има 6, исто како и движењето ЗНАМ кое рано утрово го доби и шестиот пратеник.

Во гласови тоа изгледа вака: ВМРО-ДПМНЕ 383 илјади, СДСМ 134 илјади, ДУИ 126 илјади, „Вреди“ 98 илјади, Левица 60 илјади и ЗНАМ 46 илјади.

Има значајни разлики во бројките од првиот круг на претседателските избори што е резултат на поголемата излезност: ВМРО-ДПМНЕ доби 20.000 повеќе од Гордана Силјановска-Давкова, СДСМ 34.000 помалку од Стево Пендаровски, ДУИ шест илјади повеќе од Бујар Османи, „Вреди“ 16 илјади повеќе од Арбен Таравари, Левица дури 20 илјади повеќе од Билјана Ванковска, а ЗНАМ 37 илјади помалку од неговиот лидер Максим Димитриевски.


LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *