Таа им упати „најголеми честитки“ на граѓаните затоа што покажале голема отпорност да не подлегнат на притисоците да бојкотираат
Откако Стево Пендаровски го призна поразот и им честита на победниците, на јавноста ѝ се обрати новата претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, која им се заблагодари на граѓаните за големата поддршка што ја доби на овие избори и самата се запраша: „Со што ја заслужив оваа чест?“
Таа им упати „најголеми честитки“ на граѓаните затоа што покажале голема отпорност да не подлегнат на притисоците да бојкотираат и да го дадат гласот за оној што сакаат.
Таа рече дека и покрај големата победа ова „не е време за поделби, за фалби, за триумфализам“ и најави дека ќе биде претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, дека како прва жена на оваа функција во Македонија ќе се опкружи со „жени како мене, со жени како Вацлав Хавел. Тоа за мене е реформски чекор“.
Таа рече дека за време на кампањата не кажувала дека е најдобриот избор, но е сигурна дека граѓаните го направија „вистинскиот избор“. Силјановска нагласи дека таа за време на кампањата го кажувала она што го мисли и дека гласовите не ги добила затоа што е националистка. „Наградата за оваа функција е огромна одговорност“, рече таа.