Култура Македонија Новости Став Топ Вести

Велигденски концерт на НУ „Охридско лето“ со женскиот хор „Менада“

Во организација на НУ „Охридско лето“, а по повод големиот верски празник Велигден, ќе се одржи Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот хор „Менада“ од Тетово под диригенската палка на професор Ивица Зориќ.

„Со овој концерт заокружуваме програмата која веќе трета година ја реализираме надвор од традиционалната фестивалска рамка 12 јули- 20 август. Имавме прекрасни концерти преку цела година со кои ја потврдивме големината на долгогодишното опстојување на оваа најзначајна културно-сценска манифестација“, вели директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Женскиот хор „Менада“ , предводен од диригентот проф. д-р Ивица Зориќ е еден од најрепрезантитивните хорови од нашата земја. Со своето четиридецениско делување тој прерасна во еден од стожерите во развојот и опстојувањето на хорската уметност кај нас.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *