Почитувани вандали
Почитувани идиоти
Дами и господа
Немаше да тргнете да ја рушите бистата на Сергеј Есенин, само ако имавте прочитано една негова песна….еден единствен стих…
Се прашувам, знаете ли да читате воопшто…
Оние што читаат не уриваат ..
Запознајте го Есенин…
Белким ќе допре до вас и ќе ве натера да не уривате..
Почнете со
Песна за кучката
Кај што в зори грмушки шумат
и треперат трските редум
сеум ги окучи кучката
окучи жолти седум.
До ноќта ги љубеше нежно,
ги лижеше влакната млади,
и течеше тиок снежец,
од топлите мајчини гради.
А навечер кога кокошките
спијат на крушата добра
излезе стопанот намуртен
седумте в вреќа ги собра.
А таа по трагот му трчаше
по нозете одвај што одат.
И долго, о долго трепереше
несмрзнатата студена вода.
А кога се влечеше назад
лижејќи ја потта што гори
едно од нејзините кученца
месецот жолт ѝ се стори.
Па гледаше долго во сводот
што растеше рамен над снегот
а месецот забрза танок
се изгуби негде зад брегот.
И тихо, како на питач
кога камен му потфрла некој
двете очи кучешки паднаа
како сјајни ѕвезди во снегот