Македонија Новости Став Топ Вести

Џафери ќе го разрешува директорот на ЦУК

Техничкиот премиер Талат Џафери најави дека ќе разговара со директорот на Центарот за управување со кризи и лидер на партијата „Достоинство“ Стојанче Ангелов откако тој во неделата најави дека излегуваат од коалицијата предводена од СДСМ. 

– Доколку јавно најавил дека не е зад владината програма, од формален аспект секако дека како премиер ќе започнам одредени постапки во однос на кадровското решение, ќе донесам и соодветна одлука. Секако дека тоа што се вели на телевизија не е за започнување на постапка, но јас утре директно ќе комуницирам со директорот. Така што како ќе биде, сметам дека ќе заврши со разрешување, нема друг начин, а за тоа дека сме во изборен период тоа треба да го реши друг орган, изјави Џафери одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Теарце.

Најавата за излегување на „Достоинство“ од коалицијата, денеска ја коментираше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој не даде коментар за неговото разрешување, но оцени дека иницијативата на Ангелов не е проблематична.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *