Македонија Новости Став Топ Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Oдложена примена на уставните измени и „чистка“ за амбасадорите

Во време кога светот го тресат војни и безбедноста стравотно е нарушена, кога сојузништвата вредат многу повеќе од претходно и кога е многу важно Македонија да не е сама, приоритет на МНР ќе бидат економската, научната, образовната и културната дипломатија.

„Една работа што мора веднаш да ја направиме е евалуација на работата на нашите дипломатски и конзуларни претставништва. Знаеме за попустливоста на МНР, знаеме за стратешките грешки, но, огромен дел од проблемот е што Македонија во моментот има катастрофална дипломатска мрежа. И затоа прво ќе треба да се направи евалуација што прават во својата работа нашите амбасадори и конзули, за кои што се издвојуваат значителни буџетски средства, ки резултати ги постигнале, дали успеале да донесат некој инвеститор кој отворил работни места во Македонија. Врз основа на таа евалуација потоа ќе цениме дали некој постигнал резултати, а тие кои не постигнале ќе треба да бидат отповикани, а професионални, стручни и компетентни кадри да седнат на нивно места. И, во таа смисла како приоритет ќе биде економската дипломатија, научната дипломатија, образовната и културната дипломатија, т.е. оние аспекти на надворешното политичко работење кое носат добро за граѓаните на Република Македонија“, потенцираше Муцунски.

Друга порака од најавената програма на ВМРО-ДПМНЕ е силната потреба да се опстои на патот на Европската унија и дека не држат нападите дека тие не се дел од европскиот фронт што го преферираат албанските партии во државата. Затоа, во неа стои дека основен приоритет на нивната надворешна политика ќе биде полноправно членство во Европската унија, силна усогласеност со нејзината надворешна и безбедносна политика и негување на стратешкото партнерство со САД.


LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *