Македонија Новости Став Топ Вести

Македонија се движи во целосно погрешна насока, актуелната власт треба да биде променета сметаат граѓаните

Македонија се движи во целосно погрешна насока, актуелната власт треба да биде променета сметаат граѓаните

Во вчерашната емисија „Објектив“ на МРТ 1 беше презентирана спроведената телефонска анкета на ИПИС спроведена во Изборна единица 3 со број на испитаници 1010 и во Изборната единица 4 1035 испитаници.

Според анкетата забележуваме дека најголемиот број од граѓаните во Изборната единица 3 и 4 сметат дека Македонија се движи во целосно погрешна насока, како и тоа дека според најголемиот број од нив сметаат дека актуелната власт треба да биде променета.

Во Изборната единица 3 на прашањето според вас, во каква насока се движи Македонија анкетираните во февруари се изјасниле дека во целосно правилна насока се движи Македонија 4,6%, додека пак во март 7,6%.

Донекаде правилна во февруари се изјасниле 6,7%, во март 9,6%. Донекаде погрешна во февруари се изјасниле 13,1%, во март 15,0%. Целосно погрешна во февруари се изјасниле 61,8%, во март 63,3%. Додека пак не знам / немам одговор во февруари се изјасниле 14,%, во март 4,5%.

Во Изборната единица 4 на прашањето според вас, во каква насока се движи Македонија испитаниците на прашањето целосно правилна во февруари одговориле 5,0% додека пак во март 7,3%, донекаде правилна во февруари 6,8%, додека пак во март 6,6%, донекаде погрешна во февруари 5,5%, додека пак во март 8,0%, целосно погрешна во февруари 68,8%, додека пак во март 72,9%, не знам / немам одговор во февруари 13,9%, во март 5.2%.

Во изборната единица 3 на прашањето дали, споредено со минатата година, животот во Македонија сега е подобар, или полош за многу подобар во февруари се изјасниле 1,6%, во март 3,9%, делумно / донекаде подобар во февруари 5,3%, во март 7,1%, ист во февруари 21,0%, во март 25,0%, делумно / донекаде полош во февруари 19,7%, во март 20,9%, многу полош во февруари 39,6%, во март 41,1%, не знам / немам одговор во февруари 12,8% во март 2,1%.

Во Изборната единица 4 на прашањето дали, споредено со минатата година, животот во Македонија сега е подобар, или полош за многу подобар во февруари се изјасниле 1,9%, додека во март 2,7%, за делумно / донекаде подобар во февруари 6,9%, додека во март 4,9%, за дека е ист во февруари се изјасниле 13,7%, додека во март 18,2%, за делумно / донекаде полош во февруари 13.8%, додека во март 13,3%, за дека е многу полош во февруари 54,6%, додека во март 50,2%, не знам / немам одговор во февруари 9,1%, додека во март 10,6%.

Во Изборната единица 3 на прашањето според вас дали на наредните избори треба да се промени актуелната власт или таа треба да остане дека треба да се промени во февруари се изјасниле 66,7%, додека во март 69,1%, дека треба да остане во февруари се изјасниле 9,1% додека во март 10,3%, не знам / немам одговор во февруари 24,2%, додека во март 20,6%

Во Изборната единица 4 на прашањето според вас дали на наредните избори треба да се промени актуелната власт или таа треба да остане, за дека треба да се промени во февруари се изјасниле 69,7% додека пак во март 74,8%, дека треба да остане во февруари се изјасниле 9,3%, додека пак во март 11,4%, не знам / немам одговор во февруари се изјасниле 21%,

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *