Орце Ѓорѓиевски: Нема да ја платам казната од 90.000 евра, не е согласно закон
Гградоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, синоќа во „Тема на денот“ на ТВ Сител повтори дека нема да ја плати казната од 90.000 евра за истурање на ѓубрето пред депонијата Дрисла во тензичната вечер во неделата.
Казната ја одреди гачалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако во „Дрисла“ не дозволија камионите со смет да влезат на депонијата, по што градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром одлучија да го истурат ѓубрето пред влезот за да можат да продолжат со чистење. Од „Дрисла“ не објаснија зошто не дозволија камионите да влезат иако градоначалниците рекоа дека ќе платат за депонирањето на ѓубрето.
– Не можам да ја платам казната, затоа што не е согласно Закон. Тоа е казна што е испишана со излегување од надлежностите, бидејќи инспекторите што ја имаат пишано казната на Општина Кисела Вода имаат излезено од својата надлежност и имаат напишано казна на туѓа територија, а тоа е територијата на Општина Студеничани, тврди градоначалникот.
Кога рекол дека се истура сметот на негова лична одговорност, мислел на тоа дека секој чекор му е пресметан.
– Ако направите некоја престапка, треба на мене да ми ја напишат казната, а не на граѓаните на Општина Кисела Вода. Таа казна нема да се плати, затоа што нема основ. После час и половина изживување и директорот и вработените таму, не дозволувајќи ни основно загарантирано право да го одложиме отпадот внатре во депонијата каде што му е местото, вели Ѓорѓиевски.