Македонија Новости Став Топ Вести

Мицкоски: Вчера до 12 часот собрани над 15.000 потписи за Силјановска Давкова


До 12 часот собрани се повеќе од 15.000 потписи за поддршка на кандидатурата за претседател на државата на професорката Гордана Силјановска Давкова, информираше денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

По потпишувањето за кандидатурата на Силјановска Давкова во Подрачната канцеларија на ДИК во општина Карпош, Мицкоски истакна дека ако се направи пресек за 14 часот бројката е над 20.000.

-Ова се силни индикатори, очекувам огромна победа на 24 април, а потоа на 8 мај, изјави Мицкоски, посочувајќи дека е уверен во победа  во првиот круг со 100.000 гласови повеќе од противкандидатот Стево Пендаровски.

Собирањето граѓански потписи за кандидатурата на Силјаноска Давкова за претседател на државата почна утрово во 8 часот. Нејзината кандидатура е поддржана и со потписи од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *