Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно ќе бара од советниците да се изгласа задолжувањето од 10 милиони евра за да се набават нови еколошки автобуси.
– Со цел да се поттикне визијата за модерно Скопје и да се овозможи современ јавен превоз, наша обврска е да инвестираме во еко автобуси со цел поефикасно извршување на превозот, се вели во образложението на Арсовска.
Арсовска се обиде да добие поддршка од советниците и во јануари, но тогаш советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ гласаа воздржано и немаше доволно гласови за да се усвои задолжувањето.
На дневен ред на седницата на Советот, која е закажана за 30 април, повторно ќе се најде овој предлог.