Конгрес на СДСМ за потврда на претседателската кандидатура на Стево Пендаровски
– Владејачката СДСМ вечерва одржува Конгрес на кој треба да ја официјализира поддршката за втор претседателски мандат на актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.
Пред Конгресот, заседаваше Централниот одбор на СДСМ за поддршката за Пендаровски што претходно беше усвоена и од Извршниот одбор.
На Конгресот по обраќање на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски следува работен, затворен дел, по што ќе се обрати и кандидатот за претседател на државата.






