Пишува Лидија Ѓорѓевиќ
Секогаш и секоја година со радост станувам околу четири часот наутро, треперам како вљубено девојче и започнувам со ” ритуалот” на вапцање велигденски јајца. Со многу љубов и мерак.
Не знам зошто, радосна сум, жизнорадосна!
Најчесто тогаш коментираме кој и како ги исвапцал јајцата, какви с’е нови техники примениле домаќинките, што и како не смее да се прави, нели онака суеверно,.со некаква магиска, идолопоклоничка религиозна перцепција и концепција , со некаков заблуден емотивизам кои многумина го сметаат за ” духовност”. Признавам, и мене веројатно тоа ме обзема.
Но, да ја кажеме суштината на споменувањето за Велики Четврток , а тоа е она што се случило пред Бог да се распне заради нас и нашето спасение:
На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете.
Христос им ги измил нозете на своите ученици и им покажал пример на смирение и понизност, како и пример на љубов и жртва преку служење еден на друг. Да се натпреваруваат кој кому да му служи, а не кој да биде поголем и кој да владее со другите. Не го издвоил ни Јуда И нему му ги измил нозете и тоа најпрво нему!
Поука за смирението и братољубието.
- Тајната вечера и предавањето на страшните тајни
„И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови и рече: Земете, јадете, ова е Моето Тело.
И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата Крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите.”
- Првосвештеничката натприродна молитва
Во Гетсиманија суштината на Исусовото битие поминувала низ силна уривачка емоционална луња опасна по животот која веќе го земала данокот на неговото тело. Тој бил подготвен да умре, да го положи својот живот за грешниците кои тоа не го заслужиле, како што сме вие и јас.
“Симоне, спиеш ли?“, го прашува Петра. „Не можете ли да бдеете еден час“ со мене? Трагично, зар не? Сè што барал Исус од него било еден час. Дали е тоа премногу што го бара Христос од нас? Еден час?
Лука 22,44: „А кога се најде во претсмртни маки, се молеше уште поусрдно, а потта му прилегаше на капки крв што паѓаа на земјата.“
Тагата претворњна во пот која е капки крв!?! Колкава ли била тага драги мои? Крвава пот, а ние секој ден Го распнуваме!
Паднат ничкум на земја во Гетсиманија, Исус ги зарива прстите во почвата и плаче од тага и очај кои го кинат неговото срце: „Оче мој! За тебе сè е можно. Тргни ја оваа чаша од мене! Но не како што сакам јас, туку како што сакаш ти!“ (Марко 14,36)
Три пати ја изустил оваа молитва. Три пати човечката природа се повлекла пред последната и најголема жртва. Настапил страшниот миг, мигот на одлука за судбината на светот. Судбината на човештвото се тресела на мерилата. Христос можел дури и сега да ја одбие чашата доделена на грешниот човек. Уште не било доцна. Можел да ја избрише крвавата пот од своето чело и да го остави човекот да загине во своето беззаконие.
Послушност до смрт! Замислувате? Не верувам, тешко.
- И! Самото предавство на Христос.За тоа и нема потреба да се зборува.Сите сме во тоа.
Не ме интересира политика во Црквата, оти ми е неспоиво.Одам во црква само за да ја почуствувам и добијам барем трошка од таа Благодат Божја, но…
Некои велат, не ги читам, само насловите, оти не сакам пречка помеѓу мене и Него, за волја на вистината доволно самата си ги создавам, дека:Ватиканот,Константинопол на чело,со вечните грчки вселенски патријарси,како православие,и други, христијански деноминации,сеуште си работат со 30те,сребреници,од црковната каса.
Нејсе, убаво е да се видат денес вашите креации.Јас до сега само црвени јајца сум фарбала.