Македонија Новости Топ Вести

Рубин: Дезинформациите,закана за овој дел од светот

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, вчера допатува во Скопје, од каде што испрати порака дека дезинформациите што ги генерира Русија се главниот извор на закана во овој дел од светот. Тој исто така порача дека има медиуми во земјава кои шират руска пропаганда и дезинформации, но без притоа да наведе конкретни имиња. Рубин притоа очекува да се формираат владини тела кои можат да почнат да го испитуваат и анализираат овој проблем за да се обидат да го спречат.

Дел од новинарските здруженија сметаат дека ова е одлична порака и дека веќе се движиме во позитивна насока во однос на справувањето. Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) велат дека дезинформациите се присутни во секое општество, не само во нашето и претставуваат закана и носат поделба на истото.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *