Андонов: Безбедносно-политичката одговорност е видлива и одредена недвосмислено одредена кај Спасовски
Бандитското и насилничко однесување на некои политички личности од ДУИ во врска со случувањата во М-НАВ не претставуваат етнички проблем. Тоа што некој се обидува овој сериозен политичко-безбедносен ризик да го подведе на тривијалноста на етничка карактетистика и однесување е намерен обид за искористување на овој настан во подигање на меѓуетничките тензии како најподатни за поигрување со чувствата на граѓаните и создавање поширок контекст на криза во македонското општество.
Во основа се работи исклучиво за сериозен политичко-безбедносен ризик на кој мора да реагира директно премиерот Ковачевски за да избегне продолжена криза и истиот да не дозволи настанот да биде тригер во меѓуетничките односи.
Настанот е политички, бидејќи во него учествуваат лица на политички функции во ДУИ и именувани на поранешни и сегашни државни функции исто така по предлог на ДУИ. Одговорноста политичка е поврзана со ДУИ и раководството на оваа политичка партија, но и со владата како директно одговорна за однесувањето на нејзините политички претставници на било кое ниво.
Безбедносен ризик е затоа што потфрлил безбедносниот систем на главниот аеродром во Македонија. Тоа укажува дека кога насилници заради политичко-партиски цели и пресметки можеле да влезат во најчувствителниот сигурносен дел од аеродромот, тогаш да се запрашаме какви би биле последиците доколку тоа го организира и изведе терористичка група.
Одговорноста за безбедносното потфрлање е исклучиво на Спасовски и тоа во врска со неспроведувањето на антитерористичките активности за заштита на критична инфраструктра што е дел од безбедносната политика. Потоа, одговорноста е врз командирот на полициската станица на аеродромот и врз аеродромското обезбедување на чело со директорот на истото.
Дали ќе преземат активности и мерки од ЈО и дали ќе преземе политички мерки Ковачевски за да побара политичка одговорност и за безбедносните пропусти? Ќе видиме и ќе оцениме и коментираме.
Дали има етничка одговорност кај извршителите? НЕМА. Има исклучиво и само кривична одговорност, а за тоа е задолжено Јавното Обвинителство. Како тоа ќе реагира ќе видиме.
Безбедносно-почитичката одговорност е видлива и одредена недвосмислено кај Спасовски. Но дали тој поседува морални квалитети и поради неговата одговорност и загрозување на критична инфраструктура самоиницијативно ќе си замине од функцијата, односно ќе поднесе оставка? НЕ и НЕМА. На тој чекор треба-мора да го принуди Ковачевски и тоа час поскоро.
ЕТЕ, ДРАГИ МОИ, ТОА СЕ ПРОБЛЕМИТЕ, РИЗИЦИТЕ И ЗАКАНИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВАМЕ, А НЕ НЕЧИЈАТА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ.
ТОА ШТО НИ ПРЕДИЗВИКУВА ПРОБЛЕМИ И НЕСИГУРНОСТ Е НЕФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ИНСТИТУЦИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈАТА И НЕДОСТИГОТ ОД ЧУВСТВО ЗА ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ НА ВРШИТЕЛИТЕ НА ЈАВНИ ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ И НЕМАЊЕТО БЕЗБЕДНОСНА КУЛТУРА.
ПОРАДИ НИВ СИТЕ НИЕ И ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА СМЕ ИСПРАВЕНИ ПРЕД РИЗИЦИ КОИ НЕМОЖЕ ДА СЕ ПРОЦЕНАТ, ПРЕВЕНИРААТ И МЕНАЏИРААТ.
ФБ статус на Оливер Андонов






