Македонија Новости Свет Став Топ Вести

Лавров: Јас сум тука, Блинкен избега!

Лавров рече дека ОБСЕ е во колапс и дека безбедноста на континентот е нарушена, но меѓу редови навести дека сепак ќе се продолжи мандатот за четирите клучни функционери уште три месеци

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на прес-конференцијата во Скопје држеше лекции буквално за сите – за ЕУ и американските политичари, за Израел, за француското однесување кон Корзика, за „режимот“ во Киев“, за двојните аршини на Вашингтон за државните удари во светот, за двојните аршини на ОБСЕ за човековите права, па и за  новинарите на кои им дофрлаше – дали сум ви здодевен, каде сте ја добиле дипломата, оставам на вашата имагинација да извадите заклучоци, со една позитивна забелешка – сепак одговори на сите прашања. 

Како што се очекуваше, Лавров за третманот на министерскиот состанок ги обвини САД и западните земји, порачувајќи дека тој е тука, во Скопје, но тие избегале од можна средба и од можноста за конструктивен разговор. Нарекувајќи го американскиот државен секретар Ентони Блинкен  „кукавица“ , тој рече дека било направено сѐ да го нема на официјалната фотографија од вечерата, а утредента да биде вклучен, но да ги нема лидерите на другите земји, за да се покаже дека Русија е изолирана.

„Блинкен, мојот колега, ја избегна средбата. Јас сум тука. Се обидоа со фотографии од вечерата да ме претстават како изолиран овде во Скопје. Но, јас имав  прекрасна вечера со македонски вина и јадења и бев присутен на утринското официјално отворање на собирот на ОБСЕ. А немаше лица од Украина и од балтичките државни, ниту пак беа Блинкен и Камерон. Тие се  кукавици кои се плашат од искрен разговор со факти“, рече Лавров.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *