Македонија Новости Став Топ Вести

Ванковска: Опозицијата дава легитимитет на шверцерски закони, распродажбата на правдата и националните интереси!

Ако е точно она што го тврдат пратениците на ДПМНЕ за недоличното однесување на Маричиќ, тогаш тоа не е само скандалозно, туку е и причина за покренување интерпелација. Не станува збор само за навреда на пратеничка, туку за навреда на носител на извршна власт кон домот во кој е избран, пред кого одговара и каде што дал заклетва.

Од друга страна, колку и да е ова скандалозен инцидент, сепак поважно е: зошто опозицијата седи во ова дно од парламент?! Им даваат легитимитет на шверцерски закони, распродажбата на правдата и националните интереси!

Навредите на умот што ги трпиме како нација од тие неранимајковци се далеку поголеми од сексистичкиот однос кон пратеничката.

ФБ статус на Билјана Ванковска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *