Тројца уметници од Србија, Албанија и Македонија ќе ја започнат сезоната на „Отворен Балкан 2024” во Париз
„Во согласност со иницијативата ‘Отворен Балкан’, министерствата за култура на Македонија, Србија и Албанија, во соработка со Културниот центар на Србија во Париз, го започнаа проектот ‘Сезона на Отворен Балкан’, кој во текот на 2024 година ќе се одржи во КЦС во Париз, со цел негово меѓународно претставување. Програмата на сезоната ќе биде можност за трите земји да ја претстават својата визија за балканската култура, нивните уметнички сцени, приказни од историјата, митовите и легендите, сето тоа во современ концепт“, посочуваат од Министерството за култура на Србија
Изложбата „Супстрати“ на тројца уметници од Србија, Македонија и Албанија, која во Париз ќе биде отворена на 13 јули, ќе ја започне сезоната на Отворен Балкан 2024. Настанот ќе се случи во Културниот центар на Србија (КЦС) во Париз и ќе вклучува нови проекти на Нина Жељковиќ (Република Србија), Кристина Пулејкова (Северна Македонија) и Дријант Зенелиј (Албанија).
Изложбата се фокусира на средбата и дијалогот меѓу уметниците што резултира со ново заедничко творештво и е предодредена да функционира како фундаментален момент за воспоставување на резиденцијалната програма за номадски уметници што ќе се одржи во сезоната „Отворен Балкан 2024“.
Проектот се спроведува под покровителство на министерствата за култура на Србија, Северна Македонија и Албанија, а куратор на изложбата е Клаудија Пеколд, основач на Curating Evolution.
„Во согласност со иницијативата ‘Отворен Балкан’, министерствата во соработка со КЦС во Париз го започнаа проектот ‘Сезона на Отворена Балкан’, кој во текот на 2024 година ќе се одржи во КЦС во Париз со цел негово меѓународно претставување. Програмата на сезоната ќе биде можност за трите земји да ја претстават својата визија за балканската култура, нивните уметнички сцени, приказни од историјата, митовите и легендите, сето тоа во современ концепт. Преку меѓукултурен дијалог и интердисциплинарен пристап, проектот ќе ги промовира културните и уметничките специфичности на Балканот… Со прелевање во неколку различни медиуми, нивните дела за публиката создаваат извонредно искуство кое постојано се развива.”, се наведува во соопштението на Министерството за култура на Србија.
Инаку, оваа изложба ќе трае до 12 август.
Претходно, во рамките на Отворен Балкан, во главните метрополи на трите држави се одржа концерт на Белградската филхармонија под диригентската палка на Зубин Мехта.
Од нашето Министерството за култура посочуваат дека концертите се покажаа како извонредна демонстрација на моќта на културата и креативноста и нејзината единствена способност да ги зближи луѓето во дух на меѓусебно разбирање и почит.
Инаку, Отворен Балкан е иницијатива фокусирана на зајакнување на регионалната соработка и поттикнување културни, економски и политички врски меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија. Нејзиниот основен принцип е промовирање на единство во различноста, залагајќи се за посебното културно наследство на секоја нација додека се залага за заеднички напредок и интеграција во Европа.