26. Денови на браќата Миладиновци кулминираа со потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка помеѓу градовите Битола и Осиек, на 27 јуни 2023.
На свеченоста присуствуваше делегација од Битола предводена од градоначалникот Тони Коњановски, како и од Амбасадата – Veleposlanstvo Republike Makedonije предводена од Н.Е. амбасадорот Milaim Fetai.
Од страна на домаќините, со топло срце не пречекаа Tihomir Florijančić кој се дружеше со нас неформално, и секако, градоначалникот на Град Осиек, Ivan Radić.
На настанoт настапија секциите “Танец” и “Вардарки” на MKD BRAĆA MILADINOVCI а се заврши со дружење во Друштвото, за што се погрижија од Етно-кулинарската “Везилки”.
Програма во рамките на 26. Денови на браќата Миладиновци сe оргaнизираше во соработка со нашата Заедница – Zajednica Makedonaca u Republici Hrvatskoj
На крај, но најважно: овој пост е во знак на благодарност до починатата Јагода Тренеска Цветичанин без чија заложба, до потпишувањето на Договорот веруваме, немаше да дојде или барем, немаше да дојде сега. Ти благодариме Јагода!
Јулијана Младеновска -Тешија