Култура Македонија Новости Топ Вести

In memoriam :ПОЧИНА РЕЖИСЕРКАТА ВИОЛЕТА ЏОЛЕВА

По кусо боледување, на 71 година почина театарската и ТВ режисерка Виолета Џолева, објави нејзината ќерка. Во објавата на Фејсбук се вели дека Џолева не сакала погреб, но затоа дополнително ќе се организира настан со кој ќе се слави нејзиниот живот.

Џолева е една од најплодните македонски режисерки, а меѓу последните претстави ѝ беа „Партија реми“ во Драмски театар во 2018  и „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова во Театарот за деца и младинци (ТДМ).

Дипломирала на Театарската академија во Белград во 1974. Била член на Радиодрамата (1958–1969), режисерка во РТВ Скопје (1974–1976), режисерка во Камерниот театар во Сараево (1976–1992); слободна уметничка (1992–1994), а од 1994 беше драматург и режисерка на МРТ.

Во Драмски тетар Скопје режираше повеќе претстави, меѓу кои и „Хенрих IV“ (1974), „Дамите од Аламо“ (1990), „Убиј ме душичке“ (1997) и „Чест“ (1998).

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *