Кацарска најави одлуки за Преспанскиот договор и за Законот за јазици наесен
„Како судија, верувам ме познавате сите, знаете дека кај мене нема одолговлекување на постапки, нема чување предмети во фиока, не ставам тешки предмети под тепих и токму затоа за овие предмети нема да дозволам да не бидат завршени. Но, пак ќе речам дека тоа што досега не беа ставени на дневен ред не е моја вина, ниту, пак, е вина на моите судиите. Се надевам дека во текот на септември-октомври ќе имаме одлуки за двата предмета – за Преспанскиот договор и за Законот за употреба на јазиците“, рече претседателката на Уставниот суд на денешниот брифинг со новинарите
Претседателката на Уставниот суд кратко информираше и за предмети кои се актуелни и беа и сè уште се во фокусот на јавноста. Таа посочи дека има иницијатива за работните часови на работниците кои ќе бидат ангажирани на коридорите 8 и 10-д кои ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Таква иницијатива има, дадена е во работа на судија известител и на советнник на Судот. Кога ќе биде готов рефератот, веднаш ќе биде ставен на седница со оглед дека јавноста е значително заинтересирана за овие предмети, рече Кацарска
Двата клучни предмета кои со години чекаат на одлучување во Уставниот – Преспанскиот договор и Законот за употреба на јазиците, претседателката на Судот е решена престојнава есен да ги стави на дневен ред и уставните судии да донесат одлуки за нив ќ, без разлика дали ќе бидат во комплетен состав или не.
Ова денеска на брифинг го соопшти претседателката на Уставниот суд која ги собра новинарите да ги информира за плановите на Судот, чекорите што има намера да ги преземе и актуелните иницијативи кои го предизвкуваат вниманието на јавноста.
Наративот на Кацарска се движеше во интервали кои одеа од жестоки критики до пофалби за она што е веќе направено или е на добар пат да го види светлото на денот.
Критиките беа упатени до политичарите, конкретно до пратениците поради кочењето на изборот на двајца судии во Уставниот суд за тој да може да функционира во полн состав од деветмина.
„Пратениците се мајтапат со Уставниот суд и со граѓаните на нашата Република“,рече Кацарска на самиот почеток на брифингот откако соопшпти дека двата предмета – оној за Преспанскиот договор и оној за Законот за употреба на јазиците, ќе бидат ставени на дневен ред за одлучување.
Дека дотогаш на овалната маса во Уставниот суд ќе седнат деветмина судии, Кацарска не е оптимист.
„Не очекувам дека во скоро време ќе изберат судии. Несовесно постапување не е дозволено на никого, а најмалку би рекла на пратениците. Не очекував дека толку долго ќе се провлече оваа ситуација, но веќе еве од 2 јуни почнуваме трета година во која Судот не е комплетиран. Долг период работевме на работ на кворум со само пет судии и ќе беше многу несериозно од мене ако ги ставев тие предмети, важни за државта, на седница со само пет судии, сега сме седум. Но, повторно ќе нагласам дека не очекувам дека парламентот, конечно, ќе почне да го почитува Уставот и да избере судии и токму затоа овие предмети би сакала да ве информирам дека ќе бидат ставени на седница некаде во текот на септември, најкасно на почетокот на октомври“,рече Кацарска.
За ова, како што посочи таа, биле информирани судиите на вчерашниот состанок и се согласиле со ставовите на претседателката на Уставниот суд. Во предметот за Преспанскиот договор, таа информираше дека има пет инцијативи, додека во оној за Законот за употреба на јазиците, нивниот број е 13. Тоа што досега предметите не биле завршени Кацарска вели дека не било нејзина вина.
„Како судија, верувам ме познавате сите, знаете дека кај мене нема одолговлекување на постапки, нема чување предмети во фиока, не ставам тешки предмети под тепих и токму затоа за овие предмети нема да дозволам да не бидат завршени. Но, пак ќе речам дека тоа што досега не беа ставени на дневен ред не е моја вина, ниту, пак, е вина на моите судиите. Се надевам дека во текот на септември-октомври ќе имаме одлуки за двата предмета“,рече претседателката на Уставен на брифингот.
Во врска со измените и дополнувањата на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, за кои вчера уставните судии одлучија да поведат постапка по сопствена инцијатива, Кацарска рече дека предлогот бил нејзин, а го прифатиле сите останати судии.
На новинарско прашање дали додека Уставниот суд донесе одлука ќе има привремено запирање на неговата употреба, Кацарска рече дека праксата на Судот во оваа фаза од постапката не е таква.
„Постапката во Уставниoт суд за времени мерки не е како што е во граѓанскиот суд, на пример. Ние можеме во текот на нашата работа, ако поведеме постапка во таа фаза одлучуваме за привремена мерка. Не можеме пред седница да одлучиме за привремена мерка“,рече таа.
Дали предмет на оценување ќе биде само подзаконскиот акт или Законот за матична евиденција, бидејќи, според информацијата од Министерството за правда кое го донесе Упатството на 29 мај тоа е во согласност со Законот, претседателката на Уставниот суд рече дека не знае како ќе одлучи Судот.
„Ние имаме оформено предмет само за Упатството, дали во текот на постапката ќе се осврнеме и на Закон или во меѓувреме ќе има иницијатиува за Законот или ние ќе оформиме предмет и за него, тоа е нешто за што може да говориме потоа. Во оваа фаза е оформен предмет за Упатството. Што понатаму ќе видиме“,рече Кацарска.