Македонија Новости Топ Вести

Пендаровски: Австрискиот амбасадор е во право, институциите да утврдат дали имало непочитување на меѓународна арбитража

Обајавата на австриската амбасада во која детално се навлегува во судски процес за должничко-доверителски работи на две приватни фирми и повик за разрешување на обвинители и судии не е мешање во внатрешни работи на Македонија.

Ова е ставот на претседателот Стево Пендаровски за вчерашното вперување на прст од страна на амбасадорот Георг Вуцас кон македонското прасудство, за заштита на фирма на сопругот на братучетка на експремиерот Зоран Заев. 

„Не станува збор за мешање во внатрешни работи, се работи за легитимна обврска на секој амбасадор. И нашите амбасадори кога се надвор имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на граѓаните, не само на државните институции.“ – изјави Пендаровски.

Амбасадорот Вуцас посочи конкретни суми и имиња на фирми и личности. Обвинија дека компанијата на сопруг на братучедка на експремиерот Зоран Заев е должникот за кој судскиот процес бил одолговлекуван, а за што побараа смена на судии и обвинители. Побаравме но до овбој момет не одбивме одговор на прашањата, дали амбасадата и Вуцас ќе се извинат на Заев, како што побара екс премерот  и дали се подготвени за тужбата која тој ја најави.

Се огласи судскиот совет. Го разгледувале соопштението и според нив поголем број од наводите биле забелешки кон обвинителство, а само еден за Основниот суд во Гевгелија. И овојпат велат дека ќе ги проверат наводите, но не преку комисија, туку преку координаторите на гевгелискиот суд и скопската апелација, со увид во списите на предметот и дејствијата кои се преземени, бидејќи имало обвинувања за надворешни влијанија.

„Членовите на Советот на работен состанок констатираа дека поголемиот дел од наводите се однесуваат на незадоволство од постапувањето на Јавното обвинителство, а во еден дел се споменува и трговски спор, кој се води пред Основниот суд во Гевгелија, кој е во тек.“ – велат од Судскиот совет.

Обвинителство пак се иззема од одговорност. Во 2021 година примиле пријава од австриската фирма, но констатирале дека нема елементи на кривични дела, туку елементи на граѓанско-правен однос за кој веќе се водел арбитражен спор во Виена.

„Во меѓувреме, истото правно лице поднесе пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за кривично дело – Оштетување или повластување на доверители. Пријавата е примена на 26.05.2023 година и надлежниот јавен обвинител веќе постапува, прибира докази, а по потреба ќе нареди и соодветни вештачења.“ – велат од Основното јавно обвинителство.

Кривична пријава австриците поднеле и против лица вработени во Агенцијата за катастар пред пет дена, предмет по кој обвинителите велат дека постапуваат. Јавноста со поделени мислења. Дел од експертите сметаат дека со барањето за разрешувања на судии и обвинители, австрискиот амбасадор се замашал во внатрешните работи на Македонија. 

„Една работа е да зборуваш за принципот владеење на правото, друга работа е да бараш ‘смена на судии и обвинители’, значи смена, не преиспитување на нивната работа.“ – вели адвокатката Сузана Јошевска-Атанасовска.

Досега реакција од македонското МНР нема.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *