Aпсурдот нема крај: Техничар со средно ќе врши надзор на „Бехтел и Енка” за плата од 5.600 евра
За позицијата инспектор за надзор на објекти и конструкции за автопатска делница Гостивар-Букојчани, дел од коридорот 8 што ќе го гради конзорциумот „Бехтел и Енка”, е ангажиран извесен Никола Ч. со завршено средно образование градежен техничар со успех „доволен 2“.
За оваа позиција предвидена е плата од 344.844 денари, односно 5.600 евра месечно – стои во документацијата која е јавно достапна за надзор над работата на Коридорите 8 и 10Д.