Уставните измени нема да почнат ни во јули, пратениците може да не одат на одмор во август!
И во месец јули пропаѓа можноста за во Собранието да започне процедурата за уставните измени.
Иницијативата за измени на Уставот се уште не е доставена во Собрание, односно се уште се наоѓа во владина процедура, но и дури деновиве да биде испратена до Собрание, нема веднаш да почне.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифинг со новинарите рече дека е можно пратениците да не одат на одмор во август доколку се започне со процедурата на промена на највисокиот правен акт.
„И да биде испратена Иницијативата во Собрание деновиве, според процедурите за промена на Уставот од денот на доставувањето до почетокот на процедурите треба да поминат 30 дена. Тоа значи и дека е можно да работиме во август иако овој месец е предвиден за одмор на пратениците“, изјави Џафери.