Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку објава на Фејсбук соопшти дека партиските тимови посетиле 709 места во Македонија и дека регистрирале , ни помалку ни повеќе, туку – 18.324 проблеми.
-Акцијата „Ова е Македонија за сите“ заврши со посетени 709 населени места од страна на 19 тимови на ВМРО-ДПМНЕ во чиј состав имаше 200 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Нотирани се 18.324 проблеми, најголемиот дел од кои директно зависат од централната власт, која 6 години е нема на барањата на народот.
Најголемиот дел од руралните места, но и градовите од внатрешноста немаат добра инфраструктурна поврзаност помеѓу себе. Земјоделците немаат откуп за своите производи. Здравството е урнисано. Народот од секој дел од државата бара промени, зошто е повеќе од сигурен дека со СДС и ДУИ може само полошо. Народот бара решенија, но бара и одговорен пристап. Летово, со дел од тимовите ќе посетам дел од населените места кои веќе еднаш беа посетени во рамки на акцијата. Лично ќе ветам работа, одговорност и посветеност за секое едно населено место во државата и за Македонија, соопшти Мицкоски најавувајќи дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт сите ќе ги решава.