Култура Македонија Новости Топ Вести

„Изворни минијатури” концерт на НУ Танец

„Изворни минијатури“ е насловен концертот на ансамблот за народни игри и песни „Танец“ кој ќе се реализира денеска во НУ центар за култура-Кочани со почеток во 20:00 часот.

Концертот е дел од проектот кој е замислен како сценско-едукативен караван низ неколку градови на земјата, преку кој врвните играорци и музичари на македонски изворни инструменти од редот на вработените во НУ „Танец“ пред публиката ќе се претстават со избор од автентични фолклорни творби врз кои се темелат познатите кореографии на ансамблот. Публиката ќе има можност да ги проследи изведбите на ората Манукот, Адана, Тоска, Петрунино, Глувонемо, Трченица, Ситна Лиса, но оние фолклорни добра кои нѐ мапираа на светската карта на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, пијанечкото оро Копачка и типичното машко двогласно пеење од Долни Полог.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *