Македонија Новости Топ Вести

Судскиот совет ќе оди во струшкиот суд за да види дали Мерко влијаел врз судиите

Судскиот совет ќе формира комисија која ќе оди во Основнот суд во Струга за да ги провери наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка, Анџела Агелер кои вчера соопштија дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е ставен на црната листа на личности на САД затоа што „за време на неговиот градоначалнички мандат, Мерко злоупотребил фондови и се мешал во правосудните и другите јавни процеси, нанесувајќи штета на довербата на јавноста во демократските институции и претставници“, потврдија од советот за МКД.мк.

„Судскиот совет ќе ги провери наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка и ќе формира комисија, која заедно со координаторот за овој суд од редот на членовите, ќе направи посета на струшкиот суд, за да може на лице место да направи контрола за наводите“, велат од Судскиот совет здина имало 15 претставки од граѓани на Струга за работата на струшкиот суд, додека Судскиот совет водел две постапки за судии од овој суд

„Но, напоменуваме дека овие постапки во ниту еден случај не се доведуваат во врска со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, туку станува збор за конкретни предмети во кои се засегнати странките“, велат од Судскиот совет .

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *