ВМРО-ДПМНЕ: Прв секретар во амбасадата во Брисел стана внук на Али Ахмети, без образование и искуство во дипломатијата
Друг внук на претседателот на политичката партија ДУИ Али Ахмети со само 10 месеци стаж е поставен за прв секретар во амбасадата во Брисел, обвини политичката партија ВМРО-ДПМНе. Во соопштението до јавноста ВМРО-ДПМНЕ вели дека Бесиам Ахмети, исто така внук на Али Ахмети, на оваа позиција во Брисел е поставен од министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Внукот, Бесиам Ахмети е преземен по пат на интерен оглас, од министерството за економија на кој се пријавил и работното место од економија го заменил со тоа во МНР. Упатувањето во ДКП на Македонија во странство се врши врз основа на спогодба меѓу МНР и соодветната институција, сепак Дипломатското звање го дава МНР, согласно член 78 во врска со чл 95 од Законот за надворешни работи. Во случајот на помлад соработник одговара дипломатското звање ‘Аташе’, додека на советник и раководител на одделение одговара дипломатското звање ‘Прв секретар”, изјави Драган Ковачки пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата тврдат дека Ахмети без соодветно образование и искуство е унапреден три скалила поогоре.
„Дали можеби бидејќи имал посебна дарба за дипломат, како и внукот Дрин Ахмети за претриемач е поставен на местото прв секретар во амбасадата во Брисел? Дали премиерот Димитар Ковачевски не знае ни за вториот внук сега, кој е вработен во државна институција?“, прашуваат од опозициската ВМР-ДПМНЕ.