Македонија Новости Топ Вести

Вработените во УЈП бараат 30% повисоки плати или ќе одат на генерален штрајк

Повисоки плати за 30% или генерален штрајк. Вработените во УЈП бараат министерот за финансии да стави потпис на Колективниот Договор, со кој би добиле покачување. Од Синдикатот се незадоволни – направиле отстапки од нивните барања, постигнале договор и сега финансии не им дава согласност.

– Во преговорите и постапката, можам слободна да кажам дека со министерството за финансии постигнавме договор и дојдовме до заедничка прифатлива содржина. Се сметаше дека тоа е завршена работа и сега нема согласност за да може да се применува тој Колективен договор и вработените да си ги добијат своите права, изјави Васе Неданоски, претседател на Синдикатот на УЈП.

Во Управата за јавни приходи вработени се над 1.100 лица. Велат дека платите со години им тапкаат во место.Во изминативе 14, само еднаш добиле покачување од 5%, а во последните 4 – ниту денар. За разлика од нив, вработените во финансии трошат за 30 отсто повисоки плати. Затоа велат – ако денеска нема согласностнот, почнуваат со активности за генерелан штрајк.

– Тоа значи уште веднаш, наредните денови почнуваме со активности за генерален штрајк. Тоа би значело целосно неисполнување на обврските,со што би се загрозило функционирањето на одделни витални институции во државата, додава Неданоски.

Вреботените во УЈП 1 час протестираа пред министерството за финансии. Но министерот не ги прими. Во писмениот став вели дека нема простор за поедничени решенија, пред потпишување на општиот колективен договор. Владата се залага за раст на платите на целиот јавен сектор, во подготовка е нов Закон за плати и нов општ колективен договор. Во време кога се водат разговори на Социо – економскиот совет, секое поединчеко решение, пред финализирање на овие два акта, ќе биде нарушување на воспоставување на таквиот систем и постигнување на крајната цел, се наведува во реакцијата на финансии.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *