Македонија Новости Топ Вести

Во Битола оддадена почит на загинатите бранители во 2001 година

Во Битола оддадена почит на загинатите бранители во 2001 година кај Гајре

Општина Битола и Министерството за одбрана, регионално одделение за одбрана-Битола, воени стрешени и делегации од градот, положија цвеќе пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“ во Битола.

Како што е познато, пред 22 години на денешен ден во близина на селото Гајре, загинаа Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски од Битола и Новаци, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година.

Комеморативен настан освен во Битола се одржа и во Новаци, а во текот на денот во спортската сала „Боро Чурлевски“ се одржува меморијален турнир во мал фудбал. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *