72 проценти од судиите сметаат дека Cудскиот совет не е заштитник на независноста во судството
Високи 72 проценти од судиите не се согласуваат дека Судскиот совет е заштитник на независноста во судството, а во сличен процент (73%) сметаат дека унапредувањето на судиите не се врши со објективни мерливи и правични критериуми. Ова се резулттите од анонимната анкета направена во организција на ОБСЕ како дел од проектот Проценка на ризиците од корупција во правосудството. Загрижувачки податоци покажува анкетата во врска со влијанијата врз судиите. 45 % потврдиле дека имале некоја форма на притисок од свои колеги, а 42 отсто од претседатели на судови или судии од повисок суд,. Над една третина од анкетираните пријавиле дека искусиле некаков вид влијание од извршната власт или од политички претставници, но влијаијата од адвокатите и деловниот сектор се со 35%. Ваква анкета ОБСЕ направи и во 2009- та година. Овој пат околу половина од судиите и обвинителите, односно 212 судии и 83 обивнители одговориле на прашалниците ОБСЕ во ноември минатата година.
Обвинителите пак најмногу или 41 отсто посочиле дека имале обиди за притисок од адвокатите, а 35 проценти за обиди од вакви влијанија почувствувале од колеги или од јавнии обвинители со повисок ранг. 33 отсто потврдиле дека имале обиди за влијание од судии, а 36 отсто од анкетираните јавни обвинители искусиле обиди за влијание од извршна власт. 56 проценти од обвинителите сметаат дека Советот на јавни обвинители не ги носи одлуките самостојно и независно. Поделени во мислењата се и околу тоа дали ова тело што ги бира успешно ја чува автономијата на обвинителстввата или не.
И судиите и обвинителите меѓу 36-те најголеми ризици од корупција гледаат во нарачаните вештачења но и злоупотреба на процесните права од адвокатите. За судиите проблем зад кој може да се препознае корупција се и неквалитетните обвиниенија, а за обвинителите и честото протекувње на информации во истргата но и не сорабаботкаката на другите институции како МВР финансиска полицијаи Царината.
-Испитаниците ја критикуваа работата на вештаците и во кривичните и во граѓанските постапки, зборувајќи за контрадикторни вештачења и тенденција да одат во полза на страната што ги ангажирала. На пример, во кривични предмети за сообраќајни незгоди што резултирале со смртен исход, одбраната често понудува вештачење што значително се разликува од она на вештаците ангажирани од јавното обвинителство. Овие „нарачани вештачења“ може значително да ги одолговлечат и да влијаат врз кривичната или граѓанската постапка. Кога судиите се соочуваат со спротивставени вештачења, тие мора да наредат и „супервештачење“ спроведено од конзилиум од тројца вештаци ангажирани од судот, стои во истражувањето