Македонија Новости Топ Вести

Бајрам Положани: Нема никаква правна, па и политичка логика, примената на измените на Уставот да се одложи на неопределен рок.

Бајрам Положани експерт во работната група која ја предлог иницијативата за потребата од уставни измени  не информира вели дека од теоретски и емпириски аспект, можно е законски уставните измени да стапат на сила по одложен рок, ама не премногу долг рок.

-Сепак примената може да се определи да биде дури и после една година. Меѓутоа, во случајов нема никаква правна, па и политичка логика, стапувањето во сила, па и примената на измените (на Устав односно закон или било каков друг нормативен пропис) да се одложи на неопределен рок.

Како што истакнува, влезот во ЕУ не е определен како рок, дури и сега да отпочнат преговорите за полноправно членство.

-Уставните измени според нашиот Устав се прогласуваат со одлука, а самата постапка во Собранието од потребата за донесување, усвојување, прогласување и примена, е уредена и во Деловникот на Собранието. Според тоа, изјавата на господинот Мицкоски од уставно-правен аспект е неиздржлива, а од политички аспект е непримерена и како таква и несериозна за лидер од најголема парламентарна партија, макар и опозициска, оценува Положани.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *