ВУКОЕБИНА. ПРИПИЗДИНА ВО ЗАДНИНАТА, ВО СРЕДИНАТА НА НИКАДЕ
Пишува: Соња Манџук
Одамна стана бесмислено и бесполезно, да се зборува и пишува за состојбите и случувањата во оваа шкљМакедонија. Но, ако состојбата не не остава рамнодушни, не притиска, не боли, не пече, да го парафазирам Ацо Шопов, и да ја закопаме во длабока тишина, тишината сама ќе ја рече. Ќе ја врисне! Или, барем ќе ја опцуе!
Ова општество е болно, нефункционално, пасивизирано и парализирано, со неподвижни мускули и како хипнотизирано. Каталептично, со еден збор.И труло е.Тука веќе и буквално не се диши. Оваа држава, еуфемизам е држава да се нарече.И протекторат да се нарече е употреба на поблаг збор, непогоден за состојбата. И во протекторат некаков ред постои. И во окупација има некаков каков-таков ред во хаосот, од којшто е логично да тежнееме да го направиме совршен, т.е да се ослободиме од состојбата, да мрднеме, згрчените прсти во тупаница да ги стиснеме и поагресивно да…влеземе во глагол, во акција, па нека е и вресок што, барем малку ќе го размрда сеопштото мртвило!
Затоа и се почесто во секојдневниот говор се користат термините- вукоебина и прчија! Државата што си го смени името, си доби ново име-Вукоебина. Буквално- место каде што се ебат волците./ Се подразбира дека ги ебат и овците. Или ги бесат со пресечен врат, со главата надолу, по халал/ Синоними- Припиздина.Зад трегерите на Бога и Каде што Бог одамна кажал лека ноќ.Припиздинане звучи баш македонски но е одомаќена македонска кованица. Етимолошки ако го анализираме, зборот припиздина доаѓа од при/до/ + пизда+ ина. При-пизд-ина. Пизда,како што е познато,е колоквијален израз за женски полов орган, освен што е карактерна особина. Таквите карактери ја владеат вукоебината припиздина, а означува-во заднината, во средината на -Никаде!Пизда ли ти материна, стана особено препознатлива и популарнапцовка откако драматично и сочно,неколкупати беше цитирана од ‘најграцијата од трите грации на СЈО’. Се обложувам дека и вам, кога ќе ја слушнете таа пцовка, веднаш ви текнува на тој гол перформанс.Или, не, таа пцовка беше поексплицитна, со директна употреба на женскот полов орган, од посочениот карактер.
Прчија, изворно значи мириз што вдовицата го носи во новиот брак, во новата заедница. Имот на починатиот, ( бивш суверн, народот)со којшто, на кој како му се наместило да го раководи, па истиот си го прчи во прчијата како ќе му дојде,текне или како ќе го потегнат. Тој истиот, во случајов е партиски прч, па и прчењето/курчењето е партиско, како што и прчијата ја направиле и ја доживуваат како партиска, а себеси како волци. Но, во оваа ПРИПИЗДИНА, односот станал комплициран, затоа што и партиските прчови се прчови со оглавник на глава, закачени на ортома на главниот прч кој е странец во случајов, но со права како да е домашен, и ги прчи, што ќе рече – овци му се.
Во ова болно општество,во оваа ВУКОЕБИНА има и сеедно- ни- е- жители во трлото, граѓани. Ниту нешто ги притиска, ниту ги пече ( освен јужно морско сонце) ниту ги боли шкљМакедонија. Ниту им доаѓа да вреснат, ниту да мрднат со когнитивниот парализиран апарат за мислење. Таквите карактери не мислат. Тие живееат, затоа што слушнале дека еднаш се живеело и сега го преџвакуваат тоа- јади, пиј, еднаш се живее. Тие се добро прилагодени. За нив се однесува она што Кришнамурти го има кажано- Да се биде добро прилагоден во болно општество, не е мерило за здравје. Затаквите, народната мудрост кажала дека се како бубрег во лој. А, воопшто не е бубрег во лој мерило за здравје. Напротив.
Во оваа целосно партизирана ВУКОЕБИНА и партиските се како бубрег во лој, зашушкани и замастени и се им е потаман кога нивниот прч е главен во дувлото. И тие не мислат, а и зошто би трошеле енергија од масното ткиво кога за нивмисли главниот им партиски прч. Како тој размислува, така тие климаат.Ним им се случува да врескаат по другите кои не мислат како нивниот лидершип, унисоно, во еден глас и со два-три исти збора по даден знак -врескај, на другите кои не мислат како нашиот лидершип.
Во оваа ВУКОЕБИНА нужно е потребно прво бурезите во лој да се /само/ зачистат, да се ослободат од премногу масното ткиво, со што ќе си овозможат свежа крв во срцето и мозокот и во очниот нерв и само на тој начин ќе ги остават волците сами меѓусебно да се /из/ ебат или онака ко по халал стандарди. И ќе ја заштитат татковината од напрчениот партискиот прч, кој ги заскочил и во заднината и во средината и им ја однел државата -НИКАДЕ! Ова се однесува на сите етнички прчови.
АМА ГО ЗАТУПЕВ! Забелешка- Во продолжение ќе дадеш пример. А примерот ќе ти биде свеж/иот министер за здравство, на кој ќе му предложиш, не само во Македонија и не само во Србија и Грција да бара исти протоколи за лекување на граѓаните Косовари кои не биле странци овде, туку и од сите земји членки на нато кои великодушно им исипаа осиромашен ураниум. И лично на клинтонови да им напишеш писмо заканувачко дека ќе им го срушиш споменикот во Приштина ако не ги прими на бесплатно лекување граѓаните на светот.Ќе треба да го вметнам и Маричиќ со тргнат е возот..и со директорот келнер на железници и гледај да опичиш малку појако..ко баба у свилени пижами со второ попладневно кафе ,на тастатура си.
Ми снема простор.