Мицкоски: Со солидарниот данок Владата ги казнува оние што плаќаат даноци, на сметка на оние кои што не плаќаат
Данокот за солидарност е класичен арач , наместо да се бориме со сивата економија на начин преку кој ќе ги санкционираме оние кои не издаваат фискалчни сметки , ние удираме по грбот на граѓаните кои редовно плаќаат даноци. Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицкоски, остро го критикува таканаречениот данок за солидарност кој од Илинденска стигна до Парламентот по втор пат, но овој пат под параванот на Европско знаменце .
Шверцерски закон кој што има за цел тие кои што се лојални и плаќаат даноци и обврски кон државата да плаќаат повеќе а да ги штити оние кои што не се лојални граѓани кон Македонија и кои онака до сега не ги плаќале своите обврски и даноците кон државата. За едни оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот измеќар СДСМ е мајка, а за другите не е мајка, односно за едните има цел да ги штити, а за жал другите има цел да продолжи да ги угнетува. И за тоа сум убеден дека граѓаните го гледаат и го чувствуваат и јасно ќе зборуваат на следните избори кои што за неколку денови од денеска ќе се случат, рече Мицкоски.
Бизнис заедницата побара целосно стопирање на даноците , но Владата не ги послуша . Дури иако веќе сме опоменати од меѓународната заедница за користењето на европското знаменце за законите за „ Бехтел и Енка“ , сега повторно онаму каде што има несогласувања, наместо дебата власта ќе ги турка по скратена постапка . Владата се одлучила на овој потег оти опозицијата се противела за да бидат донесени . Доколку помине во Собрание, компаниите кои оствриле профит над 10 милиони евра до 30 – ти октомври ќе имаат рок да платат солидарен данок . Односно, секоја компанија која остварила приход за 30 проценти повеќе од изминатите 3 години, а тој процент во исто време надминува 10 милиони евра ќе мора да го плати данокот на солидарност . Такви се околу 200 фирми
Со Даночната реформа државата планира да собере дополнителни 140 милиони евра во Буџетот од кои половина ќе бидат од солидарниот данок, а останатите од ДДВ и Данокот на добивка
Во законот за ДДВ се предвидува повисока стапка за одредени производи. Но не се знае точно за кои . Уште од јануари се чека листата на производи кои ќе станат луксуз, а Бесими засега кажа само 10-тина . Засега се знае дека ќе поскапи кокосовото масло, брашното од соја, путерот од кикирики, сушените риби, гумени бомбони, слатки, тропско овошје , бисквити, вафли, обланди, тартуфи и месо од ирвас – барем овие неколку производи . Надолна корекција на ДДВ-то од 18 на 5 отсто ќе има за менструалните производи .