Концерти на воените оркестри од армиите на Северна Македонија и на САД за Европа и Африка
Воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија и на САД за Европа и Африка денеска и утре, како дел од предвидените активности во пресрет на вежбата „Брз одговор 23” ќе одржат два издвоени концерти.
Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа и Африка денеска на пладне ќе изведе самостоен настап на градскиот плоштад во центарот на Скопје.
Двата воени оркестри утре ќе изведат заеднички концерт во градскиот парк кај „Школка“.
-Посетителите ќе имаат можност да проследат повеќе популарни џез, поп, рок и соул нумери со кои ќе се претстави сојузништвото и ќе се испратат пораки на пријателство и мир, соопштија од Генералштабот на Армијата.
Воените оркестри на двете сојузнички армии како дел од армиската соработка, веќе традиционално пред почеток на поголемите вежбовни активности одржуваат заеднички концерти.