Македонија Новости Топ Вести

Антоанета Димовска и Наќе Георгиев нови членови на Судски совет

Судијата од Врховниот суд, Наке Георгиев и судијката од Граѓанскиот суд, Антоанета Димовска се нови членови на Судски совет.

Георгиев, за кого Судски совет непосредно пред кандидатурата ја запре постапката што се водеше против него, беше единствен кандидат од редовите на Врховните судии.

За него гласале шестмина од вкупно 16 судии во Врховен.

Антоанета Димовска пак е новиот член од апелационото скопско подрачје. Тас добила 110 гласови наспроти претседателот на Судот во Кавадарци, Лазар Нанев, за кого гласале 49 судии.

Претседател на Комисијата за избори беше судијата од Управен суд и поранешен член на ДИК, Субхи Јакупи.

Сега течат рокови за приговори на кандидатите, а утре ќе бидат соопштени конечните резултати.

Георгиев и Димовска доаѓаат на местото на двајцата членови од Судски совет кои си дадоа оставка.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *