Македонија Новости Топ Вести

Каевски: Граѓаните ги слушнаа изјавите, ВМРО-ДПМНЕ прифати уставни измени и дијалогот треба да продолжи

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

СДСМ одново покажа државнички капацитет, ставајќи ги интересите на државата и на граѓаните на прво место.

Во името на исполнувањето на националните цели и членство во ЕУ подадовме рака кон ВМРО-ДПМНЕ и добро е што Мицкоски тоа го прифати.

СДСМ нема намера да ги објаснува, ниту да ги толкува изјавите на Христијан Мицкоски.

Целата македонска јавност, преку медиумите, го слушна Мицкоски и променетиот став на партијата.

Сега, најважно е дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ да продолжи.

Прифаќањето на уставните измени како и учество во широка Влада за европски интеграции се добра основа.

Сега потребно е да седнеме заедно и да ја продолжиме дебатата, да ја реализираме европската агенда, во интерес на граѓаните и на државата. 

Нема никаква потреба ВМРО-ДПМНЕ да манифестира толку голема нервоза.

Нам ни е јасно е дека промената на ставот можеби дојде наеднаш, дека паднаа во вода сите лаги за францускиот предлог, преговарачката рамка и за договорот.

Го разбираме и тоа дека со една изјава се избришаа нотарските изјави и потписите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ против уставните измени.

Но, ќе повторам ставот и позициите на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги кажа нивниот претседател по одржувањето на лидерската средба и во текот на вчерашниот ден.

Не е прв пат опозицијата да промени став.

Сепак овој пат тоа е добро затоа што може да доведе до заеднички придонес за продолжување на европскиот пат на земјата, секако доколку останат на она што јавно го кажа Мицкоски.

Сега не е време за нервоза, не е време за политичко ривалство, сега е време на  одговорност пред нашите сограѓани и пред иднината на нашата држава.

Ајде заедно да ги донесеме одлуките и заедно да се гордееме на уште еден национален успех.

Заедно да ја обезбедиме европската иднина

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *