Македонија Новости Топ Вести

Мицкоски: При усвојување на дневниот ред, ќе се види дека нема мнозинство за уставните измени


На утрешната собраниска седница не очекувам ништо спектакуларно. Уште при усвојувањето на дневниот ред, мнозинството, односно Владата на СДСМ и ДУИ ќе види дека нема нема двотретинско мнозинство за да го бутка овој процес. Очекувам дека нема да има дополнителна политичка гимнастика и единствена легитимна тема ќе биде одржување на предвремени парламентарни избори, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој на гостувањето на телевизија „Сител“ напомена дека утре ќе имаат координација пред почетокот на седницата, но смета дека Владата нема да добие мнозинство гласови за да го бутка овој процес. На седницата, како што рече, ќе се обрати еден од пратениците на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, дури и да бидат Бугарите дел од Преамбулата и да добиеме гаранции за идентитет, сепак, Протоколот и Билатералниот договор се опасност за дополнителни пречки во иднина, односно дополнително вето, дополнителен идентитетски и историски интервенционизам.

-Кој нас ни гарантира, ако ова го направиме дека ќе бидеме земја членка на ЕУ? Кој дојде тука да ни каже дека ни гарантира? Напротив, дојдоа многумина да ни кажат дека не ни гарантираат. Тоа е тривијална дилема. Турција 40 години преговара. Црна Гора и Србија 12 години преговараат, рече Мицкоски.

Прашан што би направила ВМРО-ДПМНЕ доколку дојде на власт, Мицкоски посочи оти ќе бараат гаранции со кои јасно и недвосмислено европски институции ќе го потврдат македонскиот идентитет, историја, култура и македонскиот јазик.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *