Македонија Новости Топ Вести

Армијата на Република Македонија одбележува 31 година постоење


Армијата на Република Македонија денеска одбележува 31 година од своето формирање. По тој повод, на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи свечена церемонија на која ќе присуствува државниот и армискиот врв.

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски за првпат ќе одликува 13 припадници на Армијата со медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територија на државата. Станува збор за признание кое за првпат ќе се додели во нашата држава.

Со медал за храброст ќе бидат одликувани 60 армиски припадници кои учествуваа во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес во Република Турција.

Исто така, ќе бидат соопштени Укази за унапедување во генералски чин, а од страна на министерката Петровска ќе се доделат чинови на унапредени старешини во чин полковник.

Како што е најавено, обраќања на настанот ќе имаат претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и премиерот Димитар Ковачевски.

На градските гробишта во Бутел во Скопје со воени почести ќе биде положено цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски. Цвеќе ќе положат делегации од Кабинетот на претседателот, од Собранието, Владата, Министерството за одбрана, Генералштабот, Сојузот на борци, Организацијата на резервни воени старешини, Град Скопје.

Армиска делегација ќе положи венец со цвеќе на спомен одбележјето на Славеј Планина.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *