Основците и средношколците ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 5 мај
Со децении и децении учебната година за основнците и средношколците завршуваше на 10 јуни. Од 2024 тоа нема да биде така. Последниот училишен ден ќе биде на 17 јуни.
Таква одлука донесе денеска Владата по предлогот на Министерството за образование. За возврат на продолжените седум дена, учениците ќе имаат пролетен распуст – тој ќе трае од 29 април до 5 мај.
Според одлуката, почетокот на учебната година останува 1 септември, првото полугодие треба да заврши на 29 декември 2023 година, а од 30 декември 2023 година учениците ќе користат зимски одмор. Почетокот на второто полугодие е предвиден за 22 јануари 2024 година.
Според соопштението на владината прес-служба кабинетот ја разгледал информацијата со хронологија за доделување на концесиите за детални геолошки истражувања и експлоатација на бакар и злато од страна „Еуромакс“ на локалитетот Иловица во општините Босилово и Ново Село. Информацијата била поднесена од Министерството за економија. Таа информација била во врска со управните и судски постапки во овој случај.
Повеќе информации во врска со Иловица ќе бидат соопштени на прес-конференција.
Владата усвои соодветни мерки и препораки со важност за следните два дена (среда и четврток) за да се намалат ризиците од високите температури.






